еМагазин
Image default
Балкан

Бугарскиот претседател Радев: Не може да се прават компромиси со историјата и јазикот

Треба да се најде политичко решение, но не може да се прават компромиси со историјата и јазикот или со барања за национални малцинства, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев во врска со недоразбирањата меѓу Софија и Скопје и очекувањата од средбата на заедничката комисија за историските прашања.

– Членовите на Бугарско-македонската комисија се професионалци, тие ќе ја бараат и бранат, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес. Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и за Македонија и ЕУ.

Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик, рече Радев.

Тоа, според него, првенствено е одговорност на земјата – кандидат за членство во ЕУ, пренесува БГНЕС.

– Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се прават со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства, нагласи Радев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за спорот на Македонија со Бугарија: „Вие не сте она што мислите дека сте„

Бугарија повторно на погрешната страна на историјата

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ одат во вториот круг

Редакција

Ципрас: Ако сметаат дека Договорот од Преспа е предавнички, зошто толку ги интересира тој да се почитува

Редакција

Борел: Во Охрид, Договорот не беше потпишан од правни причини, но е правно обврзувачки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница