еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарските социјалисти не го променија ставот во однос на Македонија, изјави Свиленски

Нема нешто ново во врска на темата за Македонија што би можело да го промени досегашниот став на Бугарската социјалистичка партија (БСП), изјави денеска координаторот на Пратеничката група на социјалистите во Собранието на Бугарија, Георги Свиленски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој нагласи дека единственото нешто што може да го промени ставот на БСП е спроведување на Договорот за пријателство меѓу Северна Македонија и Бугарија од 2017 година, што, според него, во оваа фаза не е случај.

Според Свиленски, свикувањето на Консултативниот совет за национална безбедност за односите со земјава е добра идеја и нема никаков проблем тој да се одржи, бидејќи колку повеќе информации се споделат, толку е подобро.

Изјавата на Свиленски доаѓа пред вечерашната средба на лидерите на партиите од бугарската владина коалиција на која главна тема ќе бидат односите со Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петков свикал вонреден коалициски совет во Софија за Македонија

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

Редакција

Грција може да остане затворена за земји каде бројот на заболени од Ковид 19 е поголем од европскиот просек

Редакција

(Видео) Лидерот на руската паравоена група „Вагнер“, Пригожин загина во авионска несреќа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница