еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР разочарано од македонската Резолуција, внимателно ќе ја анализира содржината

Бугарското Министерство за надворешни работи изрази разочарување од македонската Резолуција, која вчера беше усвоена во македонскиот Парламент со подршка од сите партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии„ со Бугарија

Бугарското МНР со жалење констатира дека Резолуцијата доаѓа во моменти кога дијалогот меѓу Софија и Скопје, како резултат на вложените дополнителни напори, почнал да преминува во попозитивна и ветувачка фаза.

Оттаму посочуваат дека внимателно ќе ја анализираат содржината и од гледна точка на нејзината усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и во однос на нејзиното потенцијално влијание врз дијалогот меѓу двете земји.

„За Бугарија е целосно неприфатливо со вакви акти да се мотивира или да се оправдува неисполнување на Договорот од 2017 година, што би било спротивно на принципите на меѓународното право“, велат од бугарското МНР.

Според бугарското МНР, единствениот вистински пат за наоѓање одржливи и заемно прифатливи решенија за актуелните предизвици во односите е стриктното придржување на постигнатите договори и преземените обврски, нивно ефикасно и совесно исполнување, како и поддршка на искрен и посветен дијалог.

Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Арачиново не работи оти градоначалникот добил закани по живот

Редакција

Кои видови на Ковид-19 се присутни во Македонија

Редакција

Докторите во следните две години ќе може да работат без медицински сестри, за да не згаснат амбулантите во руралните места

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница