еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Протестна нота од бугарското МНР за оштетен споменик во прилепско

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија врачи протестна нота на привремениот шеф на амбасадата на Република Северна Македонија, Владимир Крстевски поради утврден случај на замена на бугарски споменик сместен на територијата на југозападниот сосед, соопшти бугарското МНР.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година.

Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.

МИА/Фото: бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Најубавите маски на карневалот „Прочка 2023“ во Прилеп

Редакција

(Фото) Убава и ретка приказна во „Идадија“: Кога келнер ќе се пензионира во кафеана, каде што долги години работел

Редакција

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница