еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското здружение „Цар Борис Трети“ избришано од Централен регистар

Централен регистар денеска го избриша културниот центар „Цар Борис III“ од Охрид, со што се спроведува решението на министерот за правда, Кренар Лога.

Лога на 30 март годинава го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на здружението.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл.

Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Претходно од Централниот регистер беше избришан бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 212 пациенти од Ковид-19, најмногу од Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, има најголем кредибилитет да се бори за состав на новата Влада

Редакција

Бројот на загинати во Цетиње се искачи на 12 лица, најголем дел од жртвите биле во роднинска врска со убиецот, кој се самоуби

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница