еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Бум“ во работењето на инвестициските фондови во Македонија минатата година

Во 2019 година, средствата на инвестициските фондови во Македонија забележаа највисока стапка на раст помеѓу институционалните инвеститори и, севкупно анализирано, овој сегмент од финансискиот систем е меѓу најбрзорастечките за оваа година, веднаш по финансиските друштва, покажуваат најновите податоци од извештајот за финансиска стабилност на Народната банка.

„Имено, во 2019 година, средствата на инвестициските фондови се зголемија за 35,6% (или за 2.272 милиони денари), што е двојно повеќе споредено со минатогодишниот раст (976 милиони денари или за 18,1%).

Така, средствата на инвестициските фондови, за првпат оваа година, ја надминаа активата на друштвата за животно осигурување, третиот најголем небанкарски институционален инвеститор во земјава, по задолжителните пензиски фондови и друштвата за неживотно осигурување“, се вели во извештајот.

Во него се додава дела бројот на инвестициски фондови се зголеми за еден фонд во 2019 година (тековно функционираат вкупно 16 отворени инвестициски фонда), а на пазарот индиректно влезе и познат светски бренд од областа на финансиските услуги, што само ги потврдува перспективите за натамошен забрзан раст на овој сегмент од домашниот финансиски систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Јужна Америка е ново жариште на корона вирусот, расте бројот на заразени во Африка

Редакција

Јавна опомена од Македонска берза за РЖ Интер-Трансшпед и ДС Смитх

Редакција

657 нови случаи на Ковид-19 од 2.347 тестирања, најмногу во Скопје 323

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница