еМагазин
Image default
Македонија

Седумнаесет новозаболени од Ковид-19 во Куманово, оздравени 34 пациенти

Центарот за јавно здравје во Куманово во последниве 24 часа евидентира 17 нововозаболени од Ковид-19, сите од градот, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Оздравени се 34 пациенти.

– Новозаболените потекнуваат од веќе познати кластери. Тие велат дека имале контакти со заболени членови од семејства, од работни места, изјави директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи.

Извршени се 23 тестирања од кои 19 по „МојТермин“ и четири тестирања се извршени согласно  епидемиолошки индикации.

Од почетокот на пандемијата во кумановско-липковскиот регион, Ковид дијагностицирани се 1.513 лица, а во моментов активни се 281.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево нема новозаразени со Ковид-19, четири лица оздравени

Детален преглед на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

МИА/Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Конститутивна седница: На пратениците им се мери температура пред влезот на Собранието

Редакција

Ние не одредуваме чија е Охридската архиепископија, велат од македонскиот тим од заедничката комисија со Бугарија

Редакција

(Видео) Заев и Мицкоски предизборно кај бизнисмените: Првиот вети пари од ЕУ-фондовите, вториот отвореност за мерки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница