еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Царовска: Ги поттикнувам родителите да ангажираат лиценцирани негувателки

Во врска со случајот со насилство врз дете во игротека во угостителски објект во Скопје, реагирано е веднаш и поднесени се пријави, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање на денешната промоција на мерката Младински додаток.

– Мислам дека како Влада и како држава навистина постигнавме едно повисоко ниво на грижа и реакција во вакви случаи. Сметам дека не смее да се случуваат вакви работи затоа што децата од мала возраст доколку се изложени на насилство, го губат својот потенцијал, но исто така се стекнуваат и со одредено однесување кое понатака ќе го практикуваат како насилно, а тоа не го сакаме и како Влада постојано апелираме дека сме воопшто нетолерантни кон насилство и се стремиме кон нула толеранција за насилството во општеството, рече Царовска.

На барање на новинарите за повеќе детали за случајот, таа дополни дека надлежните институции веќе постапуваат по него и дека тие ќе излезат со соопштение.

На прашањето од новинарите дали се размислува за воведување лиценца за негувателки кои ќе ја работат таа работа, Царовска рече дека во законот постои опција физичко лице да добие лиценца за грижа, но често родителите одлучуваат лица блиски до нив да бидат негуватели и не избираат лиценцирани воспитувачки и негувателки во нивните домови или луѓе кои се грижат за нивните деца.

– Сепак, ги поттикнувам родителите, има организации и компании кои вработуваат само лиценцирани негувателки и воспитувачки и токму затоа ние во Законот за детска заштита гарантиравме дека физичко лице може да се стекне со лиценца и да работи професионално во оваа област, рече Царовска.

МИА/Фото: Фејсбук/Царовска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дадилката која тепаше дете во игротеката „Дежа Ву“ приведена во полиција

(Вознемирувачко видео) Безбедносните камери во „Дежа Ву“ во Капитол Мол, забележаа возрасна жена како малтретира мало дете

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот процес за родилката од Дебар која остана без три органи се враќа на почеток

Редакција

(Фото) Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

Редакција

Проф.Трајковски: Имунитет скапо го плативме со околу 16.000 починати, но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница