До сега се издадени лиценци на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, соопшти на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.
Станува збор за вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања.
Во бизнисот со марихуана за медицински цели во Македонија се влезени следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.