еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Целосна програма за ВиноСкоп 2023: Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна и Пајак на фестивалот на виното

Утре во 17 часот на паркингот пред СЦ „Борис Трајковски“ започнува тринаесетото издание на фестивалот на виното – „ВиноСкоп“.

Покрај учеството на најдобрите македонски винарии и вкусни деликатеси, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во богата музичка програма.

Секојдневно од 17:00- 19:00, ќе се одржуваат „афтер ворк“ забави со промотивни цени на виното, а од среда до сабота на фестивалот ќе настапат Пајак, Offchestra, Brass Brothers, Фолтин, Максимовски Јунајтед, Калата, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, Нино Величковски, Сале Певац, Баклава, Дани Димтровска, Куку Леле, Алис ин Вондербенд, Љубојна, Дац и Александар и многу други изведувачи од различни музички жанрови, одлично вклопени во винската есенска приказна.

На „ВиноСкоп“ ќе има над 40 македонски винарии и гурманско катче, а влезот е бесплатен за сите посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 91 оздравени од Ковид-19

Редакција

Конечно убава вест од Кина: Повеќе од 130 лица излекувани од коронавирус

Редакција

Агенцијата за управување со одземен имот не се откажува од продажбата на акциите на „Славија“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница