еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на бензините не се менува, поскапува само Екстра лесното масло за домаќинство

Цените на горивата остануваат исти, а за два денари од полноќ се зголемува цената на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според оваа одлука, Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар.

Цените на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98, дизелот и Мазутот не се менуваат.

Така, Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 81,50 денари за литар, Еуросупер БС по цена од 83,50 денари за литар, дизелот за 82,50 денари за литар, а мазутот по цена од 51,599 денари за килограм.

Корекцијата на цените е направена затоа што беа исполнети предусловите. Со последните измени на Правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати, РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на кој било нафтен дериват оди нагоре или надолу за два денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прекрасна љубовна игра на штркови кај Катланово

Редакција

Каков имот пријавил разрешениот државен правобранител Фехми Стафа

Редакција

За семејствата на повредените од пожарот во Кочани, собрани повеќе од 700.000 евра преку сметката на Црвен Крст

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница