еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цената на парното ќе се знае најдоцна до вторник

Цената на парното ќе се знае најдоцна до вторник, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водени ресурси (РКЕ), Марко Бислимоски.

„Постапката за определување на цената на парното ќе ја продолжиме со податоците од компаниите кои ги добивме во јуни. Дополнително во текот на вчерашниот ден побаравме одредени апдејтирани податоци за трошоците за набавка на природен гас, бидејќи се поминати веќе три месеци.

Тоа го направивме со цел да имаме поточна и попрецизна одлука. Со тоа ќе користиме податоци од претходно и податоци кои ќе ги добиеме денеска или утре,“ изјави Бислимоски.

Тој се надева дека ќе продолжат субвенциите од Владата за најранливите категории на граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„СВ-Инвест“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за текнолошко чистење во РЕК Битола тежок 809.000 евра

Редакција

ЕСМ ги намалува платите на директорите и јавните набавки

Редакција

39-годишна жена од Тетово го убила 51-годишниот невенчан сопруг, доби 30-дневен притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница