еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените на овошјето и зеленчукот ќе останат замрзнати до 31 мај

За еден месец, односно до 31 мај се продолжува рокот на траење на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на големо и трговијата на мало. Предлогот е на Министерството за економија, а одлуката ја донесе Владата на денешната седница.

– Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените во трговијата на мало, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува до 31 мај 2023 година, соопшти Министерството за економија.

Со оваа Одлука, се определени највисоките цени во трговијата на мало на одреден дел од овошјето и на зеленчукот. Килограм свежи домати и килограм свежи краставници ќе чинат до 95 денари. Исто толку ќе чини и килограм грав, а килограм кромид – 70 денари.

Килограм свежи зелени пиперки ќе чинат до 100 денари, 110 денари ќе чини килограм леќа, а 75 денари килограм банани.

Килограм портокали и килограм лимони ќе чинат до 60 денари, а 65 денари за килограм мандарини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит купија акции на компанијата

Редакција

Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска: Желбата за правда ме води низ животот

Петре Димитров

Стретешки важно и за Македонија: Gastrade ја усвои конечната инвестициска одлука за изградба на самостоен систем за природен гас во Александрополис

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница