еМагазин
Image default
Локално

Центарот на Скопје попладне ќе биде блокиран: Еве кои улици ќе бидат затворени

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска од 19 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје, поради протестен марш од плоштадот ВМРО до пред зградата на Владата на Република Македонија.

– Од 19,00 часот е закажан протест во Скопје организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р.Македонија. Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот, информира МВР.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млада ресенчанка тешко повредена по пад од мотор

Редакција

39-годишен маж најден починат во неговиот дом во Скопје

Редакција

Кривична пријава против дилер на хероин од Штип: Го издал муштерија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница