еМагазин
Image default
Бизнис

Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка

На барање на правните субјекти заради заштита и превенција од Ковид-19, Централниот регистар донесе одлука за продолжување од 10 дена на рокот и за хартиено и за електронско поднесување на годишните сметки.

Како што информираат од Централниот регистар, крајниот рок во хартиена форма ќе биде до 10 март годинава, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25 март до 24 часот.

-Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од корона вирус.

Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот, како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95 отсто годишни сметки, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Оттаму појаснуваат дека одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата

Редакција

Зголемен бројот на угостители кои не ги почитуваат протоколите за работа, засилени контроли за празниците

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во декември лани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница