еМагазин
Image default
Македонија

Централен регистар: Извршен е упад во компјутерскиот систем, податоците не се загрозени

Централниот регистар потврдува дека е извршен упад во компјутерскиот систем и потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри.

По упадот, информираат од Централниот регистар, веднаш е поднесена пријава до Министерството за внатрешни работи – Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика.

– Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување на безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности ИНФОГРУП ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар, се вели во соопштението од Централниот регистар.

Во соопштението се потенцира дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар.

– Сите системи и услуги на Централниот регистар непречено функционираат и се достапни за сите корисници, а податоците во регистрите се соодветно заштитени, информираат од Централен регистар.

МВР соопшти дека за упадот во компутерскиот систем на Централниот регистар синоќа во полициската станица „Беко“ бил приведен поранешниот пратеник од редовите на НСДП Љубомир Јосифовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен екс-пратеникот Љубомир Јосифовски поради сомнеж за неовластен упад во компјутерскиот систем на Централниот регистар

Фото: mediaobservatorium.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Определена мерка притвор за едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Редакција

Сузана Николовска е назначена за нова в.д. директорка на Клиниката за кожни болести

Редакција

Нема најава за нова средба на работната група на политичките партии за францускиот предлог

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница