еМагазин
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Чај на соларна енергија се спремаше среде Вешје на 17 километри од Неготино 

Чај на соларна енергија се спремаше денеска среде селото Вешје, на 17 километри од Неготино, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја.

Младата апсолвентка на Факултетот за земјоделски науки и храна, Кристина Тодорова, појасни за МИА, дека, ова се дел од таканаречените зелени активности на Здружението на граѓани за заштита на животната средина, „Ековита“, што се спроведуваат во рамките на нивната рурална канцеларија.

– Целта на одржувањето на настанот, е, сите заинтересирани присутни на самото место да можат да се уверат дека готвењето чај и храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија.

Ние, како досега, така и понатаму, имаме бројни вакви еколошки проекти. Овојпат сваривме чај од листови од гинкго дрвце, долговечно и лековито дрво, појасни Тодорова.

Таа откри дека во понатамошните активности, планираат и такви, за обуки за собирање на лековити растенија чаеви и диви печурки од природата. „Ековита“ досега има спроведено бројни обуки за одгледување на буковка и медицински печурки во домашни услови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екстремните временски услови за 40 години убија речиси 200 илјади луѓе и предизвикаа штета од 560 милијарди евра

Редакција

Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Редакција

(Видео) Македонски Телеком креираше иновативно решение за телемедицина: Систем за далечинско следење пациенти во реално време

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница