еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чаир има повеќе активни случаи на Ковид-19 и од Куманово и од Штип

Скопската општина Чаир заклучно со податоци од вчера има 81 активен случај на заразени со корона вирусот. Единствено Тетово според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментов има повеќе, 83.

Треба да се напомене дека кога е во прашање Тетово, таму се бројат активните случаи во градот и во пет рурални општини.

Чаир има повеќе активни случаи од сите други општини во Македонија, каде има активни случаи. Во Куманово на пр. моментално има 55 активни случаи, во Штип 68, во Струга 13, во Велес 27…

Од локалната власт во оваа општина посочија дека дел од заразените имале само адреса овде.

Скопски општини кои последниве денови бележат раст со нови случаи се и Бутел, Аеродром, Сарај и Гази Баба.

Здравствените власти посочија дека во случајот на скопските општини станува збор претежно за семејни кластери, со вирусот генерално се заразиле на семејни вечери, а треба и да се напомене дека овие случаи се резултат на непридржувањето до мерките за превенција додека се уште имаше полициски час.

Дали олеснувањето на мерките ќе донесе нови случаи во овие општини останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Детален преглед: Во Чаир и Студеничани најголем број од новозаразените од корона вирусот во Скопје

Од Липково се 11 од вкупно 12. новозаразени лица во кумановско

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата вработува 15 лица, плата до 25.023 денари

Редакција

Камник започна со производство на овошни ракии

Редакција

Европскиот суд за човекови права го одби барањето на Камчев да биде пуштен во домашен притвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница