еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Чешката аналитичарка се дообјасни, нејзините коментари не ја претставуваат официјалната политика на Чешка

Јана Јузова од чешкиот Институт „Еуропеум“, чии коментари предизвикаа големи реакции во Македонија, информираше дека нејзините ставови изнесени на завчерашниот форум во организација на Институтот за европска политика не се официјален став на Прага.

– Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на Твитер.

Јузова беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки на ЕУ се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Македонија.

– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чешка и други ЕУ-членки вознемирени од францускиот предлог, само Бугарија била консултирана, откри чешка аналитичарка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила судијата Радевска-Стефкова, која поднесе оставка од Судскиот совет

Редакција

Црн биланс во Македонија: За една недела 62 починати од Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил Зоран Трифуновски, поранешниот директор на Железници инфраструктура, на чие место дојде Синиша Ивановски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница