еМагазин
Македонија

Четири деца со македонско потекло и нивните родители се повредени во сообраќајка која се случила во близина на автопатот Суботица-Нови Сад

Девет лица се повредени на автопатот Суботица – Нови Сад, во близина на клучката кај Бачка Топола, од кои шестмина биле државјани на Белгија, со потекло од Македонија.

Повредените биле пренесени со Итна медицинска помош во болницата во Суботица. Децата и нивниот татко биле полесно повредени, но мајка им добила фрактура на карлица.

Несреќата се случила откако „бе-ем-ве“ со голема брзина удрило во нив, додека тие биле застанати поради дефект на автомобилот. Поради ударот, едниот автомобил се превртел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција одобри екстрадиција на Палчо

Редакција

Нови 324 случаи на Ковид-19 од 2.660 тестирања

Редакција

Боки 13: Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска, имав подршка и од Заев и Спасовски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница