еМагазин
Image default
Македонија

Четири новозаболени со коронавирусот во Прилеп, вкупниот број е 89

Во Прилеп денеска се регистрирани четири нови случаи на лица заболени од Ковид-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во Општината изнесува 89.

На Инфективното одделение во Прилепската болница моментално се хоспитализирани 14 лица, позитивни на коронавирусот.

Тројца од нив во текот на денот ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, другите 11 пациенти се со средна клиничка слика.

Двајца пациенти се сомнителни на коронавирусот, земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица и во изминативе 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

Во текот на претходното деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час и ќе му биде поднесена соодветна пријава.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Во Дебар расте бројот на оздравени, новозарзени нема веќе 12 дена

Убава вест: За време на пандемијата со коронавирусот во Гевгелија склучени 14 бракови

Во Велес во вторник по Велигденските празници, припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките поштата, маркетите и Градскиот пазар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 317 заразени со Ковид-19 од 1.990 тестирања, во Скопје најмногу 182

Редакција

4 лица биле на возраст од 30 до 49 години: Минатата недела 97 лица починале од Ковид-19

Редакција

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница