еМагазин
Image default
Локално

Четворица ги тепале со палки во парк до булевар Србија

На 25.06.2020 во 02.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.00 часот во парк во близина на бензинската пумпа на бул.„Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна расправија помеѓу К.И.(26) и Д.Љ.(22) двајцата од Скопје од една страна и непознато лице од друга страна, по што на местото на настанот пристигнале четири непознати лица со патничко моторно возило „ланчија“ кои со дрвени палки физички ги нападнале К.И.(26), Д.Љ.(22) и Д.А.(21) од Скопје кој се наоѓал во непосредна близина и по негово кажување не се познавал со останатите учесници ниту учествувал во претходната расправијата.

„Лицата со возило на итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор им биле констатирани повреди.

На местото на настанот излегле полициски службеници до СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија во Крушево: Се породила дома, но предоцна повикала Итна помош

Редакција

На 3. јуни Аутопартс Eкспо 2023, саем за автоделови во Скопје

Редакција

Кривични пријави против шест лица кои опустошиле борова шума во беровско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница