еМагазин
Локално

Четворица полицајци тепале маж пред сопругата и бабата

На 03.09.2018 година околу 21.40 часот, Д.К.(42) од село Пирок, тетовско, пријавил дека враќајќи се со возило од Скопје кон Тетово, во месноста „Глумово“, бил запрен од четворица полициски службеници, информира МВР.

Тие, според пријавеното, најпрво го легитимирале него, неговата сопруга и неговата баба, а потоа побарале да го отвори багажникот и физички го нападнале.

После тоа, Д.К. бил приведен и еден час бил задржан во Полициско одделение Сарај. Откако бил пуштен, тој побарал лекарска помош во тетовската клиничка болница, каде бил задржан за натамошно лекување.

За настанот веднаш бил известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Се преземаат интензивни мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец ја тепал, дрогирал и наведувал на проституција сопругата

Редакција

20-годишен насилник претепал тројца ученици во Кисела Вода

Редакција

Контролори на ЈСП тепале патник без билет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница