еМагазин
Image default
Спорт

Чифлиганец и Бузалковски со победи во БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам

Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција.

Истотака, Чифлиганец забележа и најбрзо време во трка од 1:21:6 по круг, што засега претставува најбрзо време на македонски мото-пилот на оваа патека. Во втората исклучително возбудлива трка, во многу тесна битка за подиумот за жал доживеа пад и заврши како четврто пласиран.

Христијан Бузалковски во класата Формула 600, која што е дел од истиот шампионат издвојува победи во двете трки во неговата категорија.

Нашиот натпреварувач Синиша Кочовски, кој заедно со Чифлиганец настапи во класата Формула 1000 забележа две втори места во големата интернационална Југо-Источно Европска конкуренција.

Успесите на нашите пилоти беа пречекани со достојна почит како од останатите натпреварувачи, така и од публиката. Овие резултати претставуваат голем успех за македонскиот мотоспорт, и за прв пат наметнуваат доза доминантност на нашите мото-пилоти во регионот.

Фото: Lap Photo Agency

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка пријатели на македонските одбојкари на Европското првенство

Редакција

20 навивачи на Шкендија не го испочитувале молкот за загинатите во Кочани, тврди клубот

Редакција

Манчестер јунајтед го „шутна“ тренерот Жозе Мурињо

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница