еМагазин
Image default
Бизнис

Членот на УО на Џевахир Холдинг, Есер Џевахир избран за почесен конзул на Македонија во Турција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи за време на посетата во Турција му ја врачи егзекватурата на членот на Управниот одбор (УО) на Џевахир Холдинг, Есер Џевахир, новоименуваниот почесен конзул на Македонија во Турција, со јурисдикционо подрачје за областите на Едрене, К’ркларели и Текирдаг, и со седиште во Едрене.

Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.

-Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Северна Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки.

Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи, стои во соопштението.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот Бочварски потврди дека татко му влегува во бизнисот со струја

Редакција

Врховен суд склучи договор со Неоком вреден 705,1 илјади евра

Редакција

Бранка Славеска е нов генерален директор на „Тиквеш“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница