еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Чоколенд“ во Веро – слаткиот пат до награди

Чоколадната празнична бајка во Веро и оваа година ги изненадува и наградува потрошувачите преку традиционалната манифестација „Чоколенд“, информираат од таму.

Од 16 до 27 декември, Веро организира специјални промоции и супер промотивни цени на голем број слатки производи со чие купување потрошувачите стануваат потенцијален добитник на слатки награди.

Со секоја сметка над 200 денари од означените слатки производи, потрошувачите добиваат купон кој треба да го пополнат со лични податоци и да го остават во означените кутии во секој Веро маркет.

Секој купон учествува во наградната игра во која ќе се доделат вкупно 300 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.

Почнувајќи од 17 декември сѐ до завршувањето на наградната игра, секој ден се извлекуваат вкупно 30 добитници на слатките награди. Односно, секој ден Веро доделува по 10 ваучери од по 500, 1.000 и 1.500 денари.

Ваучерите може да се искористат за пазарување производи од слатките рафтови во Веро маркетите најдоцна до 31 јануари 2023 година. Добитниците на слатките ваучери се објавуваат на профилите на социјалните мрежи на Vero marketi, истиот ден по завршување на извлекувањето.

„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира со години наназад како вовед во празничната магија на слатките задоволства. Организирајќи го „Чоколенд“, Веро ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а воедно на своите потрошувачи им овозможува да уживаат во најголем избор на слатки вкусови по промотивни цени, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка донираше сензорна соба во Македонски Брод како дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“

Редакција

„Тиго Фајнанс“ и „Електрометал“ пионери со уникатно партнерство – над 60.000 денари за над 60.000 производи  

Редакција

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата за култура и наука „Вечна“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница