еМагазин
Image default
Македонија

Чулев прифати суспензија за неговиот советник Зоран Ѓоргевски

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го прифатил предлогот за донесување решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка и е потврдена предложената дисциплинска мерка за Зоран Ѓоргевски, советник во Кабинетот на Чулев.

На советникот во Кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓоргевски во текот на вчерашниот ден, по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место, информираат од Кабинетот на министерот.

-Во текот на денешниот ден, по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка.

Предлогот е прифатен од страна на министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Чулев.

Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно, без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична и суспензија за советникот на Чулев за несоодветно и насилничко однесување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 42: Седум новозаразени со корона вирусот, тројца од Дебар, четворица од Скопје

Редакција

Љубчо Георгиевски нуди „излез“ од ќор-сокакот: Бугарија да направи список за бришење на навредливи содржини од македонските учебници

Редакција

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница