еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ципрас ги потсети Комунистите за неправдата нанесена на Егејците: Оставам на вашата совест дали ќе гласате

Два дена течеше расправата во грчкиот Параламент за ратификација на Договорот од Преспа, а денеска треба да се случи гласањето, кое беше најавено за синоќа.

Но она што ќе остане забележано е говорот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој, ја потсети Комунистичката партија на Грција, каква неправда му има нанесено на македонскиот народ (во неговиот говор Славомакедонци), мислејќи на Егејците кои кога заради репресиите во Грција, беа принудени да ги напуштат своите домови, а потоа нивните имоти беа конфискувани и им беше одземено правото да се вратат дома.

“Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција.

Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 година да се вратат во нивната татковина.

Ниту ќе се осврнам на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена егзекутирана во Граѓанската војна, комунистка.

Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција“, рече во својот историски говор Ципрас.

Oваa прашање, до сега не било отворено од ниту еден политичар во грчкиот Парламент, посебно не од премиер.

П.С

Има многу историски книги за децата бегалци од Егејска Македонија, има многу и автобиографски и биографски книги. Топло Ви ја препорачуваме „Земја на бегалци“ од Кица Колбе, за низ страданието на едно семејство, да се запознаете со судбината на илјадници семејства.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Запалено македонското знаме на протестот против Договорот од Преспа во Атина

(Вознемирувачко видео) Нападнат домот на уште една пратеничка на СИРИЗА

Мицотакис најави вето за членството на Скопје во ЕУ, кога ќе стане премиер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пешак загина во сообраќајка на стариот пат Охрид – Струга

Редакција

(Видео) „Скриен бисер на Европа“: Еден од најпознатите светски туристички блогери Дацешин, снима видеа за убавините на Македонија

Редакција

Буџет 2019 година: Владата ќе потроши 3,5 милиони евра на „Скопје 2014“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница