еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас: Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција ќе беше и на нашата северна граница

Ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во синоќешното интервју за четири грчки регионални телевизии, јави дописничката на МИА од Атина.

Ципрас, говорејќи за грчко-турските односи, кусо се осврна и на Договорот од Преспа и ги спомена трите меморандуми со Северна Македонија, кои сѐ уште не се ратификувани во Парламентот, упатувајќи критики до актуелната грчка Влада и премиерот Киријакос Мицотакис.

„Не е сериозна слика за земјата тоа што веќе една година не ги носи за ратификација клучните аспекти на Договорот од Преспа, Меморандумите за соработка, што се корисни за Грција, бидејќи нема самодоверба или доверба дека неговите пратеници ќе ги гласаат.

Мисли дека меѓународната заедница не го гледа ова? Дека нашите соседи не го гледаат тоа? Не гледаат дека е слаб премиер во однос на ова? Не сакам да говорам многу за Договорот од Преспа.

Само една работа ќе кажам: ако не постоеше Договорот од Преспа, денес Турција немаше да биде само источно и југозападно од нас, бидејќи Турција е и во Либија, ќе беше и на нашата северна граница,“ рече Ципрас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приштина и Скопје треба да ја спречат Србија да го шири рускиот и кинескиот интерес во регионот, вели косовскиот премиер Курти

Редакција

Бојко Борисов: Македонците да запрат со историските игри доколку сакаат во ЕУ

Редакција

Како полесно до работа во Хрватска: Што ќе значат измените во Законот за странци за Македонците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница