еМагазин
Image default
Балкан

Ципрас: Договорот од Преспа помага Солун да добие лидерска улога во регионот

За реализирање на визијата за поинаков Солун, за Солун лидер на Балканот и основна трговска, транспортна, енергетска и економска точка во регионот,  помага и Договорот од Преспа, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со администрацијата на Меѓународниот саем.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас овогодинешниот саем го карактеризираше како историски бидејќи е прв во пост меморандумскиот период, а говореше и за визијата, Солун да стане економска и трговска престолнина на Балканот.

-Првиот чекор за ова е (Солун) да добие лидерска улога на Балканот и во рамките на оваа цел, за да ја реализираме оваа визија,  длабоко верувам дека е договорот со поранешната југословенска Република Македонија што менува насока и ориентација на градот и на Северна Грција. Запира Солун и Северна Грција да се со свртен грб кон просторот што економски и трговски е од витално значење, а тоа се соседните земји и се ориентира за да стане основна трговска, транспортна, енергетска, економска точка на Балканот, а Солун да биде прво пристаниште на Балканот, ова е прв чекор за да имаме визија за еден поинаков Солун, рече Алексис Ципрас.

МИА/Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најлош ден за Србија: Со Ковид-19 заразени 386, починати 18 лица

Редакција

Грчката опозиција бара од Владата во Атина да ги ратификува меморандумите со Македонија

Редакција

Вучиќ се предомисли и дојде на Самитот во Тирана: Подобро да сте на масата, отколку мени на неа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница