еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Ципрас: Кредибилитетот на ЕУ ќе биде загрозен без датум за преговори со Македонија

Прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ е да одлучи за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, му рекол поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел, според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА.

„Алексис Ципрас го постави и прашањето со Северна Македонија, истакнувајќи дека е прашање на меѓународниот кредибилитет на ЕУ, на самитот да одлучи за почеток на пристапни преговори. Според извори од СИРИЗА, Жан Клод Јункер му се заблагодари на Алексис Ципрас за нивната конструктивна соработка и позитивната работа на неговата влада, истакнувајќи дека придонесе одлучувачки за стабилноста на еврозоната и за надградба на улогата на ЕУ на Западен Балкан, особено со Договорот од Преспа“, објави грчката новинска агенција.

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, преку Твитер соопшти дека и Договорот од Преспа и европската перспектива биле дел од темите за кои разговарал со претседателот на ЕК, jави дописничката на МИА од Атина.

„Разговаравме за важноста на Договорот од Преспа, за улогата на ЕУ на Балканот и потребата да се одлучи почеток на пристапни преговори“, напиша Ципрас на Твитер по средбата со Јункер.

Санкциите за Турција за активностите во Ексклузивната економска зона на Кипар, операцијата во Сирија и бегалското прашање биле останатите теми за кои разговарале Ципрас и Јункер на нивната вчерашна средба во Брисел.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

RYCO со грантови за култура: 3 илјади евра за индивидуалци, 6 илјади евра за организации

Редакција

Европска комисија иницира четири кривични постапки против Бугарија за перење пари и измама со средства од ЕУ

Редакција

Националната економија во пресрет на ЕУ – предизвици и искуства

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница