еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Ципрас: Време е да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа

Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи на нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша на „Твитер“ лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас по повод наградата за мир што ја добија заедно со македонскиот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина.

-Чест е да се прими Хесенската награда за мир и да се сподели со пријател како Зоран Заев. Се надевам дека тоа им дава сила на луѓето во Северна Македонија да продолжат да се борат за нивната добро заслужена и долго очекувана европска иднина.

Ако историскиот Договор од Преспа нѐ научи нешто, тоа е дека е време да правиме историја на Балканот, наместо да бидеме заробени во неа, напиша Ципрас на „Твитер“.

Претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен, Борис Рајн во понеделникот, на специјална онлајн церемонија, Хесенската наградата за мир за 2020 година им ја додели на премиерот Зоран Заев и на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската Влада го одобри договореното од заедничката меѓувладина комисија

Редакција

Прв настап на хорот од Бигорскиот манастир на официјален настан во Атина: Аплауз и воодушевување од публиката

Редакција

(Фото-галерија) Илјадници насмевки на историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница