еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Црна Гора ги исполни епидемиолошките услови за прогласување крај на епидемијата со корона вирусот

Во Црна Гора се исполнети условите за одјава на епидемијата на корона вирусот, изјави помошник директорот на Институтот за јавно здравје, Сенад Бегиќ.

Црна Гора ги помина двата инкубациски периода од 28 дена без нови случаи на заразени од вирусот Ковид-19.

– Постојат епидемиолошки услови за ИЈЗ да размислува за одјава на епидемијата. Тоа е правно дефинирана процедура која вели дека епидемијата може да заврши кога ќе помине период на двојна инкубација.

Периодот не е дефиниран со закон, тој е повеќе дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи и навистина се исполнети условите за епидемијата да се одјави, рече Бегиќ за Радио телевизија Црна Гора.

Тој истакна дека на терен тоа не менува многу, бидејќи ризикот од заболувањето и натаму останува.

– Крајот на епидемијата речиси не значи ништо. Првиот бран е формално завршен, но мерките и наредбите на Министерството и препораките на ИЈЗ сѐ уште остануваат на сила. Тоа се физичко растојание, миење на рацете и употреба на маски.

Во сите земји на ЕУ носењето маски е задолжително како и кај нас, односно на затворени, јавни места каде не може да се одржи физичко растојание од два метра. Дали ќе остане тоа така зависи од натамошниот тек на болеста, рече Бегиќ.

Во Црна Гора за време на пандемијата, на околу 620.000 жители имаше 324 заразени од вирусот, а двајца починати.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани

Црна Гора ги отвори границите за граѓаните од Македонија од 1 јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска влез во Грција без сертификати и без никакви рестрикции за невакцинираните внатре во земјата

Редакција

Убава вест: Оздравени 86 заразени со Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата: Пропуштеното мора да се надомести

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница