еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Црна Гора се придружува во напорите за гаснење на пожарите во Македонија, информираат од Министерството за одбрана (МО).

“Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора донесе одлука да го одобри барањето на министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац за упатување на хеликоптер Бел 412 како помош за Северна Македонија за справувањето со пожарите.

Помошта од Црна Гора доаѓа како резултат на барањето упатено од министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзината црногорска колешка Оливера Ињац, а ќе биде имплементирана преку НАТО координативниот центар за одговор при кризи EADRCC.

Помошта се состои од еден хеликоптер за гасење пожари Бел 412 и екипаж од 4 лица.

Пристигнувањето на хеликоптерот се очекува утре, на 11 август, во утринските часови“, велат од МО.

Фото: Фејсбук/Марјан Пехчево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов за последен пат ќе се обрати пред пратениците на 28 декември

Редакција

Петмина починати од Ковид-19, вкупно до сега 9.155

Редакција

Османи објасни како ќе изгледаат уставните измени за внесување на Бугарите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница