еМагазин
Image default
Македонија

„Црна“ ковид-статистика за Штип: Петмина на возраст од 48 до 79 години го загубија животот од Ковид-19

Најцрна ковид-статистика за Штип од почетокот на пандемијата. Во изминатите 24 часа во ковид центарот починаа петмина штипјани, на возраст од 48 до 79 години. Според извештајот на болницата во ковид центарот се хоспитализирани 86 пациенти, од кои на 46 им е потребна кислородна поддршка.

Во меѓувреме, штипскиот затвор го има вториот бран на заразени од почетокот на пандемијата. Петмина осудени лица и двајца вработени се позитивни на корона вирусот.

Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров вели дека тројца од осудените лица се спроведени на Инфективното одделение да им се напарави крвна слика и снимка на белите дробови.

-Петмината осуденици се во добра здравствена состојба и се изолирани во две посебни простории, нашиот лекар е во комуникација со инфектолозите и во текот на денот им се прави и мерење на телесната температура и сатурација, информира тој.

Директорот не го открива индентитетот на осудените лица, но неофицијално меѓу заразените, покрај поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков е и Митко Пешов, началник на специјалните полициски сили.

Ова е втор бран, со што досега се заразени седумина осуденицици, а заразата ја поминале претходно 15 вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кластер во штипскиот затвор: Пет осудени лица помеѓу кои и Митко Чавков и тројца вработени, позитивни на Ковид-19

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Хашим Тачи во Скопје: Гласајте „за“ на референдумот, тоа би било добро за целиот регион

Редакција

Дебар стигна до истиот број на заразени со Ковид-19 кој го имаше во првиот бран

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница