еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бранко Црвенковски без коментар за шпекулациите дека ќе формира нова партија

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања, велат за МИА од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија.

Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува во приказните дека поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ ќе формира нова партија.

-Тоа треба дефинитивно да го прашате него, а јас го кажувам заради тоа што тој е еден од основачите на СДСМ и претседател на партијата долг период. Бил премиер, а преку честа да го води СДСМ бил претседател на државата и е наш општественик.

Верувам дека шпекулациите се присутни заради тоа што во Охрид се најавува нова листа од наши докажани социјалдемократи, рече премиерот Зоран Заев во одговор на прашање при денешното пуштање во работа на реконструираната полициска станица во Ресен.

Од СДСМ негираат дека ваквите случаи се одраз на поделби на партијата на повеќе крила и уверуваат дека партијата е обединета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не верува во приказните дека Бранко Црвенковски ќе формира нова партија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Димитров: Во државава треба да се забрани фразата: не сме надлежни

Редакција

„Падна“ седумка на Лото во износ од 669.330 евра

Редакција

Собранието наместо на 12, може да се распушти на 16 февруари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница