еМагазин
Image default
Македонија

Oд денеска почнува аудио-снимањето на судските расправи

Судските расправи во Основниот кривичен суд Скопје од денеска ќе бидат аудио снимани и пишаните записници се заменуваат со тонски кои директно ќе влегуваат во АКМИС системот.

Во пракса тоа значи дека досегашната обврска судот да доставува пишани записници ќе биде заменета со издавање на аудио цд-а по завршување на секое од рочиштата.

Тоа треба да придонесе за ефикасноста, така што ќе се избегнат повторувањето и прекините, што досега беа честа пракса поради неможноста на записничарите да ги следат и внесуваат во записник адвокатите, обвинителите, сведоците или обвинетите кои зборуваат побрзо. Со тоа ќе се намали и делокругот на работа на записничарите, кои сега ќе треба да следат дали функционира аудио опремата и дали тонските снимки влегуваат во АКМИС системот.

Од судот посочуваат дека останува можноста за изработување пишани записници, но само во одрдени ситуации и потреба.

Техничката опрема за аудиоснимање на судските расправи, е донација од Амбасадата на САД во Скопје и беше промовирана на судско рочиште против обвинета за производство и пуштање во промет на психотропни супстанци на кое присуствуваше и делегација предводена од амбасадорката Кејт Мари Брнс.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инаугурација на Силјановска викендов

Редакција

Музејот на УЧК во Сопот не е на приватен имот, туку на државно земјиште и е дивоградба, велат од Општина Куманово

Редакција

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница