еМагазин
Image default
Локално

Д-р Божидар Бојаџиев нов в.д. директор на Општата болница во Велес

Со одлука на министерот за здравство, разрешен е досегашниот в.д. директор на ЈЗУ Општа болница Велес, д-р  Димитар Стровјановски, а за нов в.д. директор, од вчера, е назначен д-р Божидар Бојаџиев, специјалист оториноларинголог, кој во оваа јавна здравствена установа работи од 1985 година.

Имено, претходниот директор Стровјановски на оваа функција беше година и пол, од август 2017 година.

Велешката ЈЗУ Општа болница освен од Велес згрижува и пациенти од повеќе градови од Повардарието и соседните општини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Aвтомобил се заглавил во снег на Галичица, интервенирала Планинската спасителна служба од Охрид

Редакција

Двајца кумановци го ограбиле татка си: Му зеле 20.000 долари и 400.000 денари

Редакција

Тешко повреден пешак во Охрид по удар од автомобил „Сеат“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница