еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Д-р Пановски: Се очекува бројот на смртни случаи од Ковид-19 да достигне над 60 лица дневно

Доктор Никола Пановски во интервју за Сител изјави дека очекува бројот на смртни случаи од Ковид-19 да го достигне пикот околу 20 април кога се очекува дневно да имаме и по над 60 лица кои ќе ја загубат битката со вирусот.

„За жал, бројот на смртни случаи две недели доцни во однос на бројот на новооткриени случаи. Ако пред некој ден имавме некој пик од 1.500 или сме на тоа ниво или пак деновиве ќе го достигнеме, би требало да сметаме дека пикот на смртни случаи ќе биде две недели подоцна.

Односно, ако просекот од последниве денови е 40, за жал се очекува да оди и над 60 кога ќе биде пикот.

Да речеме ако денеска е трети, пикот на смртни случаи би бил околу 20 април, при што може да се очекува потоа бројот на смртни случаи да паѓа, прво бројот на ново заразени потоа и на смртни случаи“, истакна Пановски.

Целото интервју ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски: Потребни се викенд-карантини за да здивнат здравствените работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патувале од Италија со 40 патници во автобус: Сопружници од Дебар новозаразени со коранавирусот

Редакција

(Видео) Триесет европски елени се „одомаќинија“ во Националниот парк Галичица

Редакција

Клиниката за гинекологија и акушерство склучи договор со Авицена вреден 483,1 илјади евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница