еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Петличковски: Третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти и е само едно освежување на имунитетот

Третата доза е поврзана со најмалку несакани ефекти споредено со првите две и е само едно освежување на имунитетот и давање на нови најмалку шест месеци безбедност, изјави за телевизија „Сител“, директорот на Институтот за имунологија, Александар Петличковски.

Тој појасни дека тие кои веќе примиле две вакцини не треба да стравуваат, стравот останува кај оние кои не примиле ниедна вакцина.

На прашање дали граѓаните мешањето на вакцини треба да ги плаши, Петличковски одговори дека апсолутно не треба да се плашат.

-Голем број студии во кои што се опфатени голем број на испитаници покажуваат дека различните вакцини кога се комбинираат дури и даваат подобар ефект отколку давање трета доза после две истоветни вакцини.

Податоците се јасни дека мешањето на вакцини е безбедно и нема простор за страв, рече Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Епидемиологот Олумчев: Трета доза не значи неквалитетна вакцина, туку засилување на имунитетот

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Доктор Даниловски: Пристапот за давање на трета доза кај вакцинираните граѓани уште од старт е погрешен

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

Повеќе лекови на рецепт за месецов, поради грипот и морбилите

Редакција

Проф. Трајковски: Големиот наплив на печалбари деновиве не може да донесе ништо добро во епидемиолошка смисла

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница