еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Стојанов: „Истовремено може да се вакцинирате и со трета доза против Ковид-19 и сезонски грип“

Доктор Александар Стојанов, кој долги години беше директор на Центарот за јавно здравје-Скопје, за весникот Вечер изјави дека очекува годинава вакцинацијата за сезонски грип да стартува навреме, во средината на октомври, а не како лани во средината на ноември.

-Може да се вакцинира во едната рака со трета доза на вакцина за Ковид-19, а во другата рака да примите вакцина за заштита од грип и нема да има никаков проблем.

Ако во истиот ден не се примат двете вакцини, ќе треба да се чека еден месец, за да може да се вакцинирате со другата, вели д-р Стојанов.

Тој препорачува дека имунизацијата треба да се направи што поскоро за да стекнете имун одговор, оти за тоа на помладите им е потребно две недели, а на постарите три до четири недели.

Имунизацијата, според него е единственото решение да се биде спремен кога ќе почнат инфекциите да може да е подготвен организмот за сезонската инфлуенца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре трета доза ќе можат да примаат граѓаните над 60 години, здравствените работници и лица со имунолошки болести 

Фото: Вечер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Новата куќа на Атиџе речиси готова

Редакција

Кривична за негувателката од Велес, која им давала на деца од градинка да пушат електронска цигара

Редакција

Еден повреден од пожарот во Кочани кој се лекуваше во Австрија се враќа во државата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница