еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да му помогнеме на семејството да биде со неа во Турција: Моника Бојковиќ операцијата од тумор ја дели од дипломскиот испит

Младата кумановка Моника Бојковиќ, за жал тешката болест ја спречи да дипломира на Факултетот за дизајн на мебел и ентериер, објави Радио Бум.

Таа треба да оди на операција за отстранување на интрамедуларен тумор и торакомбуларна сколиоза на рбетот во Турција. Дијагнозата и била утврдена во август оваа година, а првите симптоми и се појавиле лани во ноември.

Моника има 24 години, родена е во Куманово на 25 јули 1996 година. Од Фонд за здравство комплетно ќе бидат покриени трошоците за операција која ќе се изврши во Турција, а на семејството му се потребни средства за сместување и престој во Турција заедно со Моника.

Семејството ги замолува сите хумани граѓани кои се во можност и сакаат да донираат средства за да им помогнат да ја победат битката со тешката болест на Моника.

Сите граѓани кои сакаат да донираат можат да уплатат средства на жиро сметка 200003713266013 на име Моника Бојковиќ или да донираат преку телефонскиот број, за Телеком корисници со повик на 070 143 112 и за сите останати мобилни оператори со смс со текст „100″ на 143 112.

Фото: Радио Бум

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катерина и Димитар немаат соба и купатило, да им помогнеме за нормално детство

Редакција

Да помогнеме, едниот родител на Моника Бојковиќ да замине со неа во Германија, каде што таа ќе се оперира од тумор на ’рбетен мозок

Редакција

Се уште сме му потребни на Леонид, лечењето продолжува, потребни се средства

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница