Вера има само 17 години и наместо да ужива во тинејџерството, наместо да размислува што ќе носи за матура, каде ќе се запишува на факултет, Вера размислува дали ќе има сила да успее да го изоди овој пат и да ги издржи сите зрачења, сите хемотерапии и да се избори со туморот кој го има на глава.
„На 15 години ја губи својата мајка исто од ова чудовиште наречено канцер и остануваат сами со нејзиниот татко и помалиот брат.
Потребни сме им повеќе од било кога.
Оваа млада девојка ние ја викаме Вера, бидејќи ВЕРУВАМЕ во нејзината борбеност и верба, бидејќи ВЕРУВАМЕ во вас и вашата хуманост, бидејќи веруваме дека сите заедно можеме да успееме,“ се вели во апелот за помош.
Линк за донација: www.gofundme.com.