еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски се сретна со хуманата фамилија Белчовски од село Русиново, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица Белчовска и спасија многу човечки животи.

-Во рамките на надлежностите подготвени сме институционално да помогнеме на семејството кое го направи најголемиот можен чин во хуманоста, покажувајќи колку човек во одредени тешки моменти може да биде голем.

Исто така ќе помогнеме и на повисоко институционално ниво, да ја добијат потребната поддршка, информираше Пекевски.

Заради тешката финансиска состојба, во која семејството се наоѓа, како што додадоа отворени се донаторски сметки, за секој кој сака да донира во рамките на своите можности.

-Апелираме во чест на врвната хуманост да и помогнеме фамилијата на Верче. Секако кон оваа акција се приклучува и Општина Берово. Фамилија Белчовски се благодарни на секој еден од вас, кој ќе се одлучи да даде помош и поддршка, додадоа од општината.

Сметката за донација на Белчовски е на име Душана Белчовска со број МК07200003848731751 Стопанска Банка АД Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Верица Белчовска, чии органи досега спасија три животи, во Струмица каде на пешачки ја удри возило дошла за подобар живот

Блаже Сапунџиев од Кавадарци, кој со години бил на дијализа доби бубрег од Верица Белчовска

Филипче му ветил на семејството на Верица дека ќе помогне за нивно вработување

МИА/Фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Тамара и барале гратис карти за хуманитарниот концерт за Кочани

Редакција

Една година со Ковид-19: Македонија и светот во уште потешки искушенија

Редакција

„Комерцијална банка“ повторно ја „тресе“ берзата: Продадени два блока акции за 456.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница