еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

Дали сте подготвени за Вевчански карневал?

Под мотото „Напрај се Василичар,“ Вевчанци ги завршуваат подготовките за Вевчанскиот карневал.

Маските се подготвени, Василичарите го чекаат 13 јануари за конечниот почеток на карневалот стар милениуми. Вевчанци прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!

Вевчанци, видно возбудени, и оваа година очекуваат рекорден број на посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува.

Тие сѐ уште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.

Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат илјадниците гости. Тие велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ве расположат и покрај ниските температури.

Искористете го продолжениот викенд за да го посетите овој несекојдневен настан, а воедно и да уживате во вевчанскиот крај цели 5 дена. Вевчанци како домаќини, ветуваат луд и незаборавен провод со многу хумор и сатира.

Вековната традиција и историја на Вевчанци вреди да се почувствува на Вевчанскиот карневал. Вевчани и Вевчанци се подготвени, а вие?

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денарот го слави 30. роденден: Кој му го даде името?

Редакција

(Фото) Кои биле „министрите“ во Привремената влада на Крушевската република

Редакција

Промовирана првата фолк-сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница