еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Далмација отсечена поради снежно невреме, се извлекуваат заглавени, отворени прифатни центри

Снегот во Хрватска предизвика сообраќаен хаос и ја отсече Далмација од остатокот од државата.

Од вчера попладне поради огромното количество снег и силните ветрови нема отворен патен правец од Далмација кон внатрешноста на Хрватска, пренесува порталот Индекс.

Голем број луѓе останаа заглавени во колоните, поради што беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн.

На терен се и спасувачите од Хрватската горска служба за спасување кои помагаат во извлекувањето на заглавените во снегот.

Покрај снегот, проблеми на возачите им прави и силниот ветер кој дува со брзина од околу 150 километри на час.

Полицијата апелираше до граѓаните да не тргнуваат на пат без потреба.

Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска за денеска издаде црвено предупредување за Кварнер и подрачјето на Велебитскиот канал.

Подрачјето на Кварнер во првиот дел од денот ќе биде зафатено од многу силно невреме со ветрови со брзина до 130 километри на час. На подрачјето на Велебитскиот канал се очекуваат ветрови со брзина и до 150 километри на час.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Џафери во “филм“ дека е инспектор

Редакција

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Редакција

Давањето и контролата на лекови е работа на менаџментот и главната сестра, рече Филипче за случајот Онкологија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница