еМагазин
Image default
Македонија

Данела Арсовска за бугарското државјанство: Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, а која е подржана од ВМРО-ДПМНЕ, за телевизијата ТВ 24 изјави дека е разочарана од тврдењето на СДСМ дека има бугарско државјанство.

-Разочарана сум, како не им е срам да излегуваат со овие небулози? Срамотно е ова да го направат на два дена од крајот на кампањата. Јас немам ниту една дамка, а на некои им гори под нозете, рече таа.

На дополнително прашање дали демантира дека има бугарско државјанство таа одговори:

„Да точно така. Но мора да ми верувате. Ако јас како човек секој еден ден сите небулози и сите лаги и сите напади кои ги имаше врз мене како човек, како професионалец, врз моето семејство, се доведував во прашање да ги дискутирам јас во оваа кампања, ќе дискутирав само во функција да се бранам наместо да презентирам проекти“, рече таа и дополни:

„Се до сега што кажаа од почеток до крај во оваа кампања граѓаните треба да знаат дека се е лага“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Данела Арсовска, кандидатката за градоначалник на Скопје 10 години имала бугарско државјанство, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија денеска ќе ни прати генератори за граничните премини, бугарскиот министер Демерџиев најавува нова средба со македонските власти

Редакција

Чавков на Фејсбук: Казната е драконска, вилата на Халкидики ако ја најдете ја поклонувам

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница