Македонската ракометна репрезентација денеска загуби од Данска во реваншот за квалификации за Европското првенство 2022.
По победата над актуелниот светски првак во Скопје, во Алборг, Данска, нашата репрезентација беше совладана со 37-21.
Во вториот натпревар од нашата група, Швајцарија со 32-30 ја победи Финска, па сега Данска и Македонија имаат по шест, Швајцарија четири, а Финците се без освоен бод.
Во последните два натпревари од квалификациите македонските ракометари на 28 април ќе и гостуваат на Финска, а на 2 мај во Скопје ја пречекуваме Швајцарија.
Фото: Фејсбук/Håndboldherrerne