еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Данска ги укина рестрикциите за влез во земјата за македонските државјани

Данското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека земјите од портокаловата листа за ризик од Ковид-19, како што се Северна Македонија, Албанија, Либан и Србија, се додадени на жолтата листа, откако државниот Дански институт за превенција и контрола на заразни болести регистрираше пад на стапката на инфекции со коронавирусот во овие држави.

Според соопштението на данското МНР, од 19 јуни, патниците од овие земји ќе можат да влегуваат во Данска без да одат во карантин и без двојни тестирања за Ковид-19, пренесе порталот SchengenVisaInfo.com.

За државите од жолтата листа, сепак, останува непроменет условот да се тестираат пред да влезат во земјата.

Исто така, неколку региони на Грција, Шпанија, Франција и Швајцарија, се додадени на жолтата листа.

Во соопштението на данското МНР се додава дека ниту една земја не се додава од жолтата во портокаловата листа. Патниците од земји коишто се на портокаловата листа исто така можат да влегуваат во Данска за несуштински потреби, но морат да поминат низ самоизолација и тестирања за Ковид-19.

На 12-ти овој месец, данската Влада го укина карантинот за патници од Кипар, Хрватска, Луксембург и Швајцарија, поради ниската стапка на инфекции со Ковид-19 во изминатиот период.

МИА/Фото: Photo by Ava Coploff on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе остане на патот кон ЕУ, но без отстапки

Редакција

Со големо мнозинство германскиот Бундестаг изгласа почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ

Редакција

Здравствената состојба на Панчо се подобрува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница