еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Даравелски побара ново судење

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на Драган Даравелски побарал повторување на постапката, информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје.

– Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно законските надлежности првично ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на  мислење до Основното јавно обвинителство.

По комплетирање на списите, Советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, појаснуваат од Судот.

Од Кривичен известуваат дека евентуалното застарување на извршувањето на санкцијата односно застарувањето на кривичниот прогон, го утврдува Судот според местото на последно живеалиште на осуденикот, односно Основниот суд во Куманово, а во однос на застарување на кривичното гонење одлучува Основниот кривичен суд Скопје при евентуална повторена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даравелски треба да остане во Идризово, казната не му застарела

За што е осуден Драган Даравелски, кој е уапсен на Табановце

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванчо Тошевски нов директор на Националниот парк „Пелистер“

Редакција

Невакцинирани деца од МРП вакцината нема да се пуштат во градинките во Скопје

Редакција

Законот за игри на среќа помина во Собрание, обложувалниците ќе треба да се селат од близина на училиштата

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница